Дома Останати Кошарка Евробаскет Будуќност, Мега и Морнар го комплетираат полуфиналето во АБА Супер купот

Будуќност, Мега и Морнар го комплетираат полуфиналето во АБА Супер купот

Екипите на Мега и Будуќност и се приклучија на загрепска Цедевита во полуфиналето на кошаркарскиот АБА Супер куп, што се одржува во Бар.

Откако во првиот четвртфинален меч Цедевита го совлада тимот на ФМП со 86:68, во следните два Мега со 83:72 беше подобра од Игокеа, додека црногорскиот тим Будуќност ја победи Цибона со 96:90.

Денес во првиот полуфинален меч (18:45 часот) ќе играат Цедевита и Мега, односно во вториот (21 часот), а Будуќност ќе игра против Морнар кој го декласираше Партизан со 91:77 во четвртфиналниот дуел.

Финалето на програмата е в сабота од 21 часот.

Новата сезона во регионалната АБА лига ќе стартува на 29 септември, а во неа годинава Македонија ќе ја претставува само шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Црвена Звезда ја совлада Ефес за прва победа во Евролигата

Црвена Звезда ја победи Ефес со 77:72 во Евролигата, обезбедувајќи ја првата победа оваа с…