Дома Фудбал Бугарија има фудбалер кој се вика – Стивен Џерард!

Бугарија има фудбалер кој се вика – Стивен Џерард!

Стивен Џерард е добро познато име за сите фудбалски фанови во целиот свет, но сега фудбалер со ова име се појави во Бугарија.

Имено, во бугарските младински селекции има фудбалер роден 2008 година кој носи име Стивен Џерард Жан Ив Гаоте.

Станува збор за фудбалер чиј татко е по потекло од Брегот на Слоновата Коска, а неговата мајка е од Бугарија. Младиот фудбалер е роден во Бугарија и веќе настапува за младинските селекции. Од оваа година е дел и од првиот тим на Левски.

Претходно настапуваше за селекциите до 15 и 16 година, додека вчера постигна гол за селекцијата до 17 години во квалификациите за ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лидс и Њукасл го следат Рудони: Три гола го ставија во трансфер-фокусот

Џек Рудони привлече внимание со настапите за Ковентри, а покрај Лидс и Њукасл, неговиот на…