Дома Фудбал Англија Бруно Фернандеш вчера го сруши рекордот кој го држеше Лампард

Бруно Фернандеш вчера го сруши рекордот кој го држеше Лампард

Бруно Фернандеш продолжува со фантастичните настапи во дресот на Манчестер Јунајтед, а во вчерашниот пораз на неговиот тим од Ливерпул успеа да сруши рекорд кој го држеше Френк Лампард.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фернандеш успеа да го сруши рекордот на Френк Лампард по бројот на голови во една сезона. Репрезентативецот на Португалија до сега постигна дури 28 голови за „црвените“ ѓаволи иако тоа не му е главна задача.

Ќе потсетиме поранешниот играч за врска на Спортинг вниманието на себе го сврте во текот на пролетниот дел од минатата сезона во која на крајот беше прогласен за најдобар фудбалер на Јунајтед што беше преседан ако се знае кога стигна во клубот.

За жал на Фернандеш Јунајтед не успеа да дојде до трофејот во Премиер лигата и во втората сезона, но ако е за утеха наредната сезона сигурно ќе играат во Лигата на шампионите. Покрај тоа ги чека и финалето во Лигата на Европа против Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пукање во близина на кампот на фудбалската репрезентација на Англија 

Во пукањето што се случи во раните утрински часови во саботата во близина на базата на анг…