Дома Фудбал Бруно искрен: Ние сме далеку од нивото на Манчестер Сити

Бруно искрен: Ние сме далеку од нивото на Манчестер Сити

Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш смета дека „црвените ѓаволи“ ја немаат класата која ја има градскиот ривал.

„Граѓаните“ го надиграа Јунајтед на „Олд Трафорд“ и рутински славеа во градското дерби со 2:0.

„Треба да зборуваме помалку и да работиме повеќе. Мора да се промениме затоа што нешто што се случило ни се повторува многу пати. Не направивме доволно. Ако сакаме да бидеме на исто ниво со Манчестер Сити, треба да направиме повеќе. Сити покажа дека сме далеку од нивното ниво. Секој од нас треба да се погледне себеси. Треба да се погледнеме во огледало и да разбереме што правиме погрешно“,  изјави Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бриж застана на врвот: Леко го повтори стартот од шампионската сезона

Со три гола пред паузата, Бриж го скрши Зулте Варегем и славеше со 4:2. Тимот на Иван Леко…