Дома Фудбал Останато Бројки за ресепект: Неверојатниот Ѓекереш сезонава е подобар од Халанд

Бројки за ресепект: Неверојатниот Ѓекереш сезонава е подобар од Халанд

Maнчестер сити вчера го претрпе третиот пораз во само една недела. „Граѓаните“ прво беа поразени во Лига купот од Тотнем, потоа од Бурмот во Премиер лигата и сега од Спортинг.

Против португалскиот шампион, избраниците на Пеп Гвардиола поведоа уште во четвртата минута, но потоа примија четири гола и доживеаа дебакл.

Во овој натпревар Ерлинг Халанд не реализираше и пенал, додека Швеѓанецот, Виктор Ѓекереш на спротивната страна постигна хет-трик и дополнително си ја зголеми цената на „Трансфермаркт“. Според најавите цената на 26-годишниот напаѓач сега изнесува 70 милиони евра.

По натпреварот Фудбалскиот сојуз на Шведска го истакнаа податокот дека Ѓекереш сезонава има 25 гола за клубот и репрезентацијата, а Халанд 17.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…