Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница се засили со Србин во средниот ред

Брегалница се засили со Србин во средниот ред


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Поранешниот фудбалер на белградски Партизан и младински репрезентативец на Србија, Урош Дамњановиќ е најновото засилување на Брегалница за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

26-годишниот Дамњановиќ, потпишувајќи договор со „сините“, ќе биде големо засилување за средниот ред на тимот. Дамњановиќ веќе ги мина подготовките со Брегалница во Анталија, постигнувајќи и два погодоци во победата од 3-0 против казахстанскиот шампион Тобол.

„Среќен сум што доаѓам во амбициозен клуб како Брегалница. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на сите навивачи на клубот, во желбата и за постигнување на зацртаните цели во престојната сезона“ – истакна Дамњановиќ по официјализирањето на договорот со штипскиот клуб.

Урош Дамњановиќ потекнува од фудбалската школа на белградски Рад. Во својата кариера има настапувано и за Телеоптик, Партизан, Раднички Ниш и Радник во Србија, како и за словачкиот шампион Слован Братислава. Како еден од најголемите таленти на српскиот фудбал во својата генерација ги мина и сите младински репрезентации на Србија почнувајќи од онаа до 17 година, па се до младата селекција на Србија за фудбалери до 21 година

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Алиоски во акција за помош на настраданите во Турција🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Македонскиот репрезе…