Дома Фудбал Брајтон не се грижи за ризикот – ќе игра против Арсенал

Брајтон не се грижи за ризикот – ќе игра против Арсенал

Откако претседателот на Олимпијакос, Маринакис вчера соопшти дека е заразен со коронавирус вечерашниот натпревар на Етихад е откажан, а играчите на Арсенал завршиле во карантин.

Меѓутоа, мечот на „топџиите“ со Брајтон во сабота ќе биде регуларно одигран и покрај фактот што неколку играчи на Арсенал се во карантин под сомнение за коронавирус.

Од Премиер лигата објавија дека немаат намера да одложуваат други натпревари, а и од таборот на Брајтон потврдија дека не стравуваат да играат против Арсенал.

„Ризикот кој го земавме во предвид е екстремно низок, а дуелот предвиден да се одигра во сабота останува според програмата, со тоа што самоизолацискиот период за одредените фудбалери завршува токму утре“, соопштија од Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…