Дома Фудбал Братот на Киелини бил дел од шемата за измами во Јувентус

Братот на Киелини бил дел од шемата за измами во Јувентус

Братот близнак на бившиот капитен на Јувентус, Џорџо Киелини е дел од шемата за финансиски малверзации во Јувентус, објави „Газета дело Спорт“.

Весникот информацијата ја добил од обвинителството на Торино кое отвори обвинение против Јувентус.

Според информациите меѓу обвинетите е и Клаудио Киелини, кој имал улога на неофицијален надворежен сметководител.

Јувентус официјално е обвинет за фалсификување на финансиски извештаи и тајно плаќање на плати на фудбалерите со што клубот затајувал данок.

Поради овие обвиненија целиот борд на директори и претседателот поднесоа оставка и против нив ќе се води процес, а на клубот му се закануваат сериозни санкции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…