Дома Фудбал Бразил има нова ѕвезда: Со 15 години го надмина Пеле?

Бразил има нова ѕвезда: Со 15 години го надмина Пеле?

Анџело Боргес Габриел е новата бразилска ѕевзда за која многу ќе се зборува во иднина.

Тој дебитираше за првиот тим на Сантос со само 15 години и 10 месеци, со што го надмина легендарниот Пеле.

Пеле дебитираше на 15 години и 11 месеци, но за разлика од Габриел тој запиша гол во дебитантскиот настап.

Габриел важи за еден од најголемите бразилски таленти и неговите игри во помладите категории за Сантос го привлекоа вниманието на многу скаути ширум светот.

Во Бразил веќе го доби епитетот „новиот Нејмар“, а дали ќе достигне толкава висина на популарност, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста на Чаир, Пелистер чека кикс на лидерот

Охрид влегува во десеттото коло со бод повеќе од Пелистер и гостување кај Шкупи, кој сè уш…