Дома Фудбал Бразилската ѕвезда доби забрана за фудбал на две години

Бразилската ѕвезда доби забрана за фудбал на две години

Бразилскиот фудбалер Габриел Барбоса (27) е суспендиран на две години. Се обиде да манипулира со допинг тестот.

Барбоса го прекрши протоколот за тестирање во април 2023 година. Им попречувал на службениците, отишол на ручек без дозвола, а потоа предал отворен сад со урина.

Пресудата е ретроактивна, па Барбоса ќе може да се врати на фудбалот во април 2025 година.

Тој има право на жалба на пресудата. Имено, пет судии гласаа за негова суспензија, а четворица против. Тоа значи дека бразилскиот напаѓач би можел да биде на теренот порано од планираното.

Барбоса е играч на Фламенго, а во кариерата настапуваше и за Сантос, Интер и Бенфика. За репрезентацијата на Бразил има 18 настапи и пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас со само 15 играчи во Ленс: Нè чека жешка атмосфера, Товен е главната опасност

Комо го продолжува дебитантскиот настап во Лигата на шампионите со гостување кај Ленс, а Ф…