Дома Фудбал Италија Бразилецот „не мрда“ од Торино: Сандро и Јувентус се договорија

Бразилецот „не мрда“ од Торино: Сандро и Јувентус се договорија

Летниот преоден рок е затворен и сега во Јувентус е време нова важна работа – обнова на договорите со фудбалерите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува „Тутопсорт“, Јувентус конечно успеал да постигне договор за продолжување на соработката со левиот бек, Алекс Сандро.

Бразилецот во текот на летото често се поврзуваше со заминување од клубот. Интерес за неговите услуги покажуваа Челзи, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид, но од тие потенцијални трансфери не испадна ништо. Сандро остана во Торино каде што игра солидно и на стартот на оваа сезона.

Според информациите на „Тутоспорт“ фудбалерот и клубот постигнале договор за плата од четири милиони евра плус бонуси. Со актуелниот договор во Јувентус, Сандро добива 2.8 милиони евра.

Со новиот пак, тој во Јувентус ќе се израмни по примањата со Сами Кедира, Жоао Кансело и Војчех Шчесни.

Сандро за Јувентус одигра 117 натпревари и постигна девет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Синот на Роналдо има право да игра за репрезентацијата која беше хит на Мундијалот!

Додека Кристијано Роналдо сè уште настапува на највисоката фудбалска сцена, сè повеќе вним…