Tимот на Шкупи продолжи да биде активен на трансфер пазарот и донесе уште едно странско име во своите редови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лидерот на табелата потпиша договор со Куевен од Бразил, 23-годишниот фудбалер кој игра во средниот ред доаѓа од тимот на Монте Азул.
Претходно во Европа Куевен настапуваше за Керкира од Грција. Во Бразил го носеше дресот на повеќе екипи. После Ганецот, Патрик Менсах за Шкупи ова е второ странско засилување во овој преоден рок.