Дома Кошарка Бостон преживеа, па победи по продолжение: Индијана прокоцка победа поради голем кикс на Сиакам 🎥

Бостон преживеа, па победи по продолжение: Индијана прокоцка победа поради голем кикс на Сиакам 🎥

Тимот на Бостон успеа да слави во првиот натпревар од финалната серија на Истокот против Индијана Пејсерс со 133:128 по продолжение.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи на десет секунди пред крајот. Индијана имаше водство од 117:114 и топка во свои раце, но Сиакам тргна по топката која одеше во аут и непотребно ја допре. Така Бостон доби прилика за напад, а останаа уште 8.5 секунди до крајот. Од тешка ситуација, Браун успеа да погоди тројка од аголот за израмнување.

Резултатот во преостанатите 5.7 секунди не се промени, се играше продолжение по кое Бостон дојде до победата.

Најефикасен на натпреварот беше Браун со 26 поени, седум скока и пет асистенции. Тајрис Халибартон ја заврши средбата со 25 поени и 10 асистенции, Мајлс Тарнер уфрли 23 поени и додаде 10 скока, додека Сиакам ја заврши средбата со 24 поени, 12 скока и седум асистенции.

Вториот натпревар помеѓу овие две екипи се игра во четврток и Бостон повторно е домаќин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Гудуриќ во Звезда, Батлер во Олимпијакос? Белграѓани го пресекоа грчкото сценарио

Од Грција пристигна информација за тројна размена со Милано, но Црвена звезда категорично …