Дома Останати Кошарка НБА Бостон го возврати ударот, изедначи во серијата против Мајами

Бостон го возврати ударот, изедначи во серијата против Мајами

После поразот во првиот натпревар Бостон изедначи во финалето на Источната конференција против Мајами. Овој дуел Селтикси го добија со 127:102.

Мајами славеше во првиот натпревар меѓутоа тогаш во составот на Бостон не настапија Маркус Смарт и Ал Хорфорд, сега со нив двајца на паркетот Бостон изгледаше поинаку.

Мајами беше подобар тим само во почетните минути кога поведе со 18:8, а потоа Бостон го подигна нивото на игра и на полувремето веќе беше 45:70. Домаќините во продолжение останаа и без дефанзивецот Такер кој се повреди.

На крајот Татум го заврши мечот со 27 поени, Браун уфрли 24, исто колку и Смарт кој додаде уште 12 асистенции и девет скока. Џими Батлер беше првиот стрелец на паркетот со 29 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Mиовски ги воодушеви навивачите: После осум минути на дебито постигна гол!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски после само осум минути го постигна првенецо…