Дома Македонски спорт Мак баскет Босански репрезентативец е новото име во МЗТ Скопје

Босански репрезентативец е новото име во МЗТ Скопје

Босанскиот репрезентативец, Харис Делалиќ (29 год, 203 см) е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром за вториот дел од сезоната, откако денеска потпиша договор со „штрковите“ со важност до крајот на сезоната.

Тој доаѓа од таборот на Игокеа, каде што изминативе две сезони настапуваше во АБА-лигата. Кариерата ја почна во поранешниот европски шампион Босна, а има играно уште за екипите на Челик Зеница, Слобода Тузла, како и на белгиските прволигаши Шарлоа и Леувен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Делалиќ веќе е пристигнат во Скопје и вечерва ќе ги бодри новите соиграчи од трибините на вечното дерби против Работнички (19 часот), додека од утре ќе му се стави на располагање на тренерот Васко Атанасов.

Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува на претстојниот турнир од АБА2, кој ќе се одржи во Нови Сад во периодот помеѓу 29 јануари и 4 февруари, а каде што ќе ги одмериме силите со Шенчур, Шибенка и со Војводина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

ФФМ ја одреди цената за влезниците во финалето од Купот на Македонија

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на М…