Дома Фудбал Останато „Борусија само блефира, Санчо многу брзо ќе стане играч на Јунајтед“

„Борусија само блефира, Санчо многу брзо ќе стане играч на Јунајтед“

Долго време актуелни се најавите дека Џејдон Санчо ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, а од вчера се тврди дека таа приказна е завршена и дека Санчо ќе остане во Борусија.

Од Борусија претходно порачаа дека ако Санчо отиде на припреми со клубот што вчера се случи тој ќе остане во клубот. Покрај тоа директорот на „милионерите“ Микаел Зорц порача дека Санчо нема шанси да си замине.

Сепак поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Овен Харгрвис смета дека од Борусија само блефираат.

„За мене тоа е блефирање. Верувам дека Санчо многу брзо ќе биде играч на Манчестер Јунајтед. Со ова што го прави Борусија сака само да извлече повеќе пари. Тие знаат дека Манчестер Јунајтед е многу заинтересиран и затоа долго се преговара. Според мене блефираат затоа што знаат дека Санчо ќе си замине, не е познато само за колку“, изјави Харгрвис за „БТ Спорт“ каде што беше стручен коментатор за натпреварот на Јунајтед против Копенхаген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид после натпреварот против Бетис доби нов грб 📷

На синоќешниот натпревар помеѓу Бетис и Реал Мадрид имаше многу контроверзни одлуки на суд…