Дома Фудбал Борусија не издржа, Сити до победа и полуфинале, на „Енфилд“ без голови“ 🎥

Борусија не издржа, Сити до победа и полуфинале, на „Енфилд“ без голови“ 🎥

Во вечерашните двојки во четвртфиналето од Лигата на шампионите не видовме некое изненадување.

Борусија Дортмунд најави дека може да му направи проблеми на Манчестер Сити со голот на тинејџерот Белингам после 15 минути игра. Резултат кој им одговараше за полуфинале „милионерите“ имаа се до 55. минута кога Ријад Марез погоди од пенал.

Се беше решено 20 минути подоцна кога Фил Фоден донесе предност за Манчестер Сити од 1:2. Тука веќе беше јасно дека Борусија нема да може до некаков пресврт.

Во вториот натпревар Ливерпул и Реал Мадрид одиграа реми со најнепопуларниот резултат (0:0). Реал Мадрид продолжи во полуфиналето благодарение на победата од 3:1 во Мадрид.

Ќе потсетиме во вчерашните натпревар за место во полуфиналето се изборија Пари Сен Жермен и Челзи.

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО

Реал Мадрид – Челзи
ПСЖ – Манчестер Сити

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…