Дома Фудбал „Пума“ им се извини на навивачите на Борусија за третиот дрес

„Пума“ им се извини на навивачите на Борусија за третиот дрес

Фудбалерите на Борусија Дортмунд завчера на гости кај Бешикташ за првпат играа во третата гарнитура дресови, а на навивачите не им се допадна дизајнот на дресовите.

На навивачите им пречеше што поради дизајнот на „Пума“ логото на клубот скоро и да не се приметува за разлика од знакот на главниот спознор кој доминираше. Покрај тоа не им се допадна и тоа што амблемот не се наоѓа на левата страна, туку скоро на средината.

Клубот ја сфати грешката и им се извини навивачите.

„Секогаш ги сфаќаме сериозно критиките од навивачите. Жал ни е за нивниот бес и сакаме да им се извиниме. Критиките ќе ги земеме во предвид за иднините дресови“, сопштија од „Пума“.

Претходно навивачите беа убедувани дека дресот нема да биде како на фотографиите, меѓутоа против Бешикташ изгледаше токму така.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…