Дома Топ вести Борусија Дортмунд го сака Мората, на повидок спектакуларна трампа

Борусија Дортмунд го сака Мората, на повидок спектакуларна трампа

Алваро Мората минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување, но после само една година може да го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Шпанецот не се вклопи во Премиер лигата, па и самиот сака да ја промени средината, а интерес за него покажува Борусија Дортмунд.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еминентниот весник „Билд“ пренесува дека „милионерите“ покажуваат сериозен интерес за Мората, но тоа ќе биде тешка мисија бидејќи Челзи за неговата слобода бара 65 милиони евра, а напаѓачот има огромна плата.

Меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека Челзи може да го искористи интересот на Борусија за Мората за да стигне до потписот на Крустиан Пулишиќ.

Имено, „сините“ се спремни да му предложат на гермнаскиот тим трампа, така што Мората да се пресели на „Вествален“, а за возврат Челзи да го добие потписот на Пулишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…