Дома Фудбал Германија Борусија ги замолува навивачите дербито да го гледаат од своите домови

Борусија ги замолува навивачите дербито да го гледаат од своите домови

Овој викенд конечно се враќа една од петте најсилни лиги во Европа, односно после два месеци пауза, се продолжува Бундеслигата.

Веднаш, во сабота, љубителите на фудбалот можат да уживаат во едно големо дерби, дуелот Борусија Дортмунд – Шалке на Вестфален.

Нормално, навивачи нема да има на стадионот, а Борусија, но и градските власти се надеваат дека нема да бидат ниту на улиците, пред стадионот, ниту дека ќе се соберат на некое друго место.

Градските власти и клубот апелираа до навивачите да не се собираат во групи поради ризикот од ширење на коронавирус.

„Сите треба натпреварот да го гледаат од дома, тоа е многу важно за повторно враќање на фудбалот.“ – порача спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.

Инаку, дербито помеѓу овие два клуба се игра во сабота од 15:30 часот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интер ставил специјална клаузула во договорот на Икарди, ќе добие 15 милиони ако…

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ и Интер после интензивни преговори постигнале д…