Дома Фудбал Англија Борини го напушта Милан, можно е враќање во Премиер лигата

Борини го напушта Милан, можно е враќање во Премиер лигата

Италијанските медиуми јавуваат дека Фабио Борини најверојатно ќе го напушти Сан Сиро во текот на зимата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Борини дојде во Милано во летото 2017. година како засилување, но тој епитет никогаш не успеа да го оправда и денес претежно ги гледа натпреварите од клупата или трибините.

На Апенините пишуваат дека на Борини не смета ниту новиот тренер на Милан, Пиоли, но на 28-годишниот фудбалер нема да му биде проблем да пронајде нов клуб, бидејќи постојат клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.

Според Газета дело Спорт, Борини има опција да остане во Серија А и да потпише за Џенова, а можно е враќање во Англија каде Кристал Палас го сака во своите редови.

„Борини во моментот е многу поблизу до Кристал Палас. Неговата желба е да се врати на Островот“ – пренесува реномираниот весник.

Во Англија Борини веќе имаше можност да игра за Ливерпул, Челси, Сандерленд и Свонси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…