Италијанскиот ветеран, Марко Бориело, успеа да се запише во листата на стрелци во вчерашната победа на неговиот нов тим, Спал, над Удинезе.
Бориело беше стрелец на првиот гол за неговиот тим, со овој погодок италијанскиот ветеран стигна до изедначување на несекојдневен рекорд.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Имено, Бориело со голот кој постигна, стана вториот играч на кого му усеало да постигне барем еден погодок за 12 различни тимови во италијанското првенство. Пред него тоа му сусеа на Нукола Аморузо.
Бориело во кариерата во која промени многу клубови во Серија А освен за Спал стрелаше за: Рома, Јувентус, Милан, Сампдорија, Аталанта, Џенова, Каљари, Емполи, Реџина, Карпи и Тревизо.
Во продолжение погледнете го голот со кој Бориело стигна до овој рекорд…