Дома Фудбал Лига на шампиони Бонучи: Цела оваа сезона е многу чудна

Бонучи: Цела оваа сезона е многу чудна

Фудбалерот на Јувентус Леонардо Бонучи е разочаран поради испаѓањето во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Старата дама“ го совлада Лион на свој терен со 2:1, но пораи поразот од 1:0 во Франција настапот во најелитното европско натпреварување го заврши во осминафиналето.

„Разочарани сме. Знаевме дека ќе се бранат со десет играчи зад топка, создадовме многу шанси, но во фудбалот шансите не значат ништо ако не ги искористувате. Ја плативме цената на резултатот во Франција. Во вакви натпревари милиметри одлучуваат“, изјави стоперот на Јувентус.

Може ли оваа сезона за Јувентус да се смета за неуспешна?

„Целата сезона е навистина чудна, играме официјални натпревари во јули и во август. Знаевме дека во ваков формат од Лигата на шампионите може да се случи се. Успеавме да го освоиме Скудетото. Направивме се што можевме“, порача Бонучи.

Ќе потсетиме, Јувентус сезонава не успеа да дојде ниту до трофеите во Копа Италија и италијанскиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид после натпреварот против Бетис доби нов грб 📷

На синоќешниот натпревар помеѓу Бетис и Реал Мадрид имаше многу контроверзни одлуки на суд…