Дома Фудбал Италија Бонучи: Минатата година игравме за Роналдо

Бонучи: Минатата година игравме за Роналдо

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека тимот треба да го пронајде духот кој го имал пред пристигнувањето на Кристиано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Утре „бјанконерите“ му гостуваат на Зенит во ЛШ, а Бонучи откри дека можел да се пресели во рускиот клуб пред 10 години.

„Роналдо го направи својот избор и ние го респектираме. Минатата година игравме за него, сега групата треба да си го врати духот на Јуве, кој го имавме пред да пристигне тој“, изјави Бонучи.

„Пред 10 години можев да се преселам во Зенит. Конте ми кажа дека сум последен избор на списокот на дефанзивците и дека можам да си барам нов клуб. Меѓутоа, јас ја послужав мојата гордост и решив да останам и да се борам за место во Јувентус“, откри дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Вториот носител на светската тениска листа, Карлос Алкараз, објави дека покрај Ролан Гарос…