Фудбалскиот сојуз на Турција го отпушти досегашниот селектор, Штефан Курц по поразот од Јапонија, сега се шпекулира со имињата за негов можен наследник.
Според последните најави еден од главните фаворити е Јоаким Лев кој се уште е без ангажман по напуштањето на германската репрезентација. Но, покрај Лев во Турција може да добие ангажман и Месут Озил.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Озил се споменува како можен прв човек на турскиот фудбал, наводно веќе добил таква понуда. Озил и Лев би можеле да бидат добитна комбинација поради нивниот близок однос во текот на годините.
Озил иако долги години играше за Германија, сепак има голем авторитет во Турција каде што изград и одлични односи со фудбалските власти и првиот човек на Турција, Реџеп Таип Ердоган.