Дома Фудбал Англија Бомба од Англија: Ливерпул спрема богата понуда за Мбапе

Бомба од Англија: Ливерпул спрема богата понуда за Мбапе

Англиските медиуми синоќа објавија сензационална вест дека Ливерпул спрема понуда за Килијан Мбапе.

Скоро сите медиуми објавија дека Ливерпул е спремен да се бори со Реал Мадрид за Мбапе, за кој ќе испратат понуда на крајот од сезоната, која ПСЖ едноставно не може да ја одбие.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпекулациите велат дека Јирген Клоп одлучил да се обиде на сите начини да го донесе Мбапе за кој со сите сили се бори и Реал Мадрид. Мбапе без дилема е еден од најдобрите играчи во Европа и секој великан би сакал да го види во своите редови.

Наводно, Ливерпул спрема неверојатни 215 милиони евра за Мбапе, а од друга страна се спремни да го продадат еден од најдобрите играчи на екипата, Мохамед Салах со цел да направат простор за Мбапе.

Црвените на Мбапе наводно ќе му понудат договор од 34 милиони фунти по сезона, со што ќе биде еден од најплатените играчи на светот. Доколку Ливерпул успее да го донесе Мбапе, тимот од Енфилд има план Салах да го понуди на Реал Мадрид.

Парите за трансфер на Мбапе би можел да ги осигура и Најк, кој ќе биде спонзор на Ливерпул од следната сезона. Сигурно е дека за Мбапе ќе се борат многу клубови, а дали Црвените ќе успеат останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …