Челзи оваа сезона на сензационален начин ја освои Премиер лигата, сепак Антонио Конте спрема реконструкција на тимот бидејќи следната сезона сака да го нападне европскиот трон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските и шпанските медиуми пишуваат дека на повидок е голема размена помеѓу Челзи и Реал Мадрид која ќе предизвика „земјотрес“ во фудбалска Европа.
Шпанскиот „Дон Балон“ тврди дека Зинедин Зидан е голем фан на играта на најдобриот играч од Премиер лигата – Нголо Канте и по секоја цена сака да го види во „кралскиот“ дрес.
Од друга страна Челзи покажува сериозен интерес за напаѓачот на Реал, Алваро Мората кој не е задоволен од својот статус во Мадрид и сосема извесно дека ова лето ќе го напушти „Сантиаго Бдернабеу“.
Медиумите тврдат дека раководството на „кралскиот“ клуб е спремно да му го понуди на Челзи Мората или Хамес Родригез за да дојде до потписот на Канте.