Една од најпопуларните шпански радио станици „Onda Cero“ утрово објави неверојатна информација поврзана со Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, како што пренесува медиумот, играчот на Атлетико Мадрид Тео Хернандез кој е на позајмица во Алавеш е нов играч на Барселона. И покрај големиот интерес на Реал Мадрид и Баерн Минхен, младиот бек донел одлука кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.
Тео Хернандез во договорот има откупна клаузула од 24 милиони евра, сума која беше спремен да ја плати и Реал Мадрид. Сепак, младиот бек се одлучи за Барселона бидејќи му понуди место во стартниот тим, што во Реал покрај Марсело не е можно.
Уште поневеројатно звучи информацијата дека со доаѓањето на Хернандез, Барселона е спремна да го испрати на позајмица Жорди Алба, кој оваа сезона во неколку наврати изрази незадоволство од својот статус на „Камп Ноу“.
„Барселона вршеше константен притисок на Тео и го убедија да потпише за нив. Како што ми е потврдено, Алба наредната сезона ќе биде позајмен на Атлетико. Јорганџиите на Тео му порачаа дека им е драго што го одбрал каталонскиот клуб и што не се преселил во градскиот ривал“, наведува изворот.