Дома Фудбал Болт откри зошто го претпочита Роналдо пред Меси

Болт откри зошто го претпочита Роналдо пред Меси

Легендата на атлетиката, Усеин Болт откри зошто го претпочита Кристиано Роналдо пред неговиот најголем конкурент Лионел Меси.

„Тешко е да се избере помеѓу нив двајцата. Јас го почитувам Меси, но сум голем фан на Кристиано. Му се восхитувам  на Роналдо уште откако играше во Манчестер Јунајтед, бидејќи навивам за тој клуб. Мислам дека има нешто повеќе од Меси, бидејќи се докажа во повеќе шампионати. Затоа го избирам Роналдо“.

„Исто така има многу добри млади фудбалери, на пример Килијан Мбапе. Мислам дека има таленти со неверојатна иднина кои ќе владеат со фудбалот наскоро“, истакна Болт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…