Дома Фудбал Италија „Болница“ во Милан: Гатузо против Јувентус без – десет фудбалери!

„Болница“ во Милан: Гатузо против Јувентус без – десет фудбалери!

0
gatuso

„Росонерите“ се соочуваат со проблеми пред еден од најтешките натпревари во сезоната.

Големи проблеми за Џенаро Гатузо.

Ремито со Бетис вчера и не е тоа што најмногу ги загрижува навивачите, повеќе загрижуваат повредите тројца играчи пред продолжението од Серија А.

Милан во недела од 20:30 часот го пречекува Јувентус, а тренерот на Милан се уште не знае како ќе изгледа неговиот тим поради големи кадровски проблеми.


Следете го Sportski.mk и на


Во вчерашниот натпревар се повредија Мусакио, Чалханоглу и Кеси, така Милан стигна до бројка од 10 повредени фудбалери.

Калдара се уште не се опоравил од повредата, Конти се повреди на стартот од сезоната, Стриниќ и Калабрија исто така не ќе можат да помигнат.

Во средниот ред Милан ќе биде без услугите на Боновентура и Биља, а во нападот Игуаин не ќе може да го нападне својот поранешен клуб.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Реал Мадрид ги избраа засилувањата: Ова се нивните желби

Навивачите на Реал Мадрид сакаат да видат неколку нови фудбалери во својот тим. После очај…