Најбараниот на трансфер пазарот, затоа што е бесплатен, затоа што одигра две одлични сезони и што е најважно, затоа што созреа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Марио Балотели ја заврши двегодишната мисија во Ница, ги тресеше мрежите, надвор од теренот се беше во ред, изгледа дека ‘лудите години’ се минато, па како слободен играч многу клубови го посакуваат во своите редови.
Моментално, тој има седум понуди, а три се до Италија.
Надвор од Италија има подобри финансиски понуди, пред се од Галатасарај, но и од Русија, ЦСКА Москва со задоволство би го ангажирала Супер Марио, а може да остане и во Франција, Марсеј, финалистот во ЛЕ исто така покажува интерес.
И на крајот, можеби и најблиску до неговиот потпис е Борусија Дортмунд, а каков би бил идол на “Жолтиот ѕид” за тоа не треба посебно да зборуваме.