Дома Фудбал Англија „Боксинг деј“ ветува: Крис Вуд со хет-трик го расплака поранешниот клуб

„Боксинг деј“ ветува: Крис Вуд со хет-трик го расплака поранешниот клуб

Како што е традицијата, во Премиер лигата еден ден после Божиќ се игра фудбал на традиционалниот „Боксинг деј“.

19-тото коло денес беше отворено со натпреварот помеѓу Њукасл и Нотингем, а на крајот оваа средба заврши со изненадувачка победа на гостите од 1:3. Еден од најдобрите натпревари во кариерата го одигра Крис Вуд, екс-напаѓачот на Њукасл.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Не изгледаше дека Њукасл ќе има проблеми кога преку Исак дојде до до водство со гол од пенал во 23-тата минута. Нотингем пред крајот на полувремето дојде до изедначување со првиот гол на Вуд на оваа средба.

Се очекуваше во вториот дел Њукасл да тргне офанзивно и да ја оправда фаворитската улога, но место тоа видовме два гола во мрежата на Дубравка. Двата беа дело на Вуд кој комплетираше хет-трик и немаше милост против поранешниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шокантни сцени во Серија А, фудбалер на Рома доби срцев удар

Стоперот на Рома, Еван Ендика на мечот против Удинезе колабираше во моментот кога топката …