Дома Македонски спорт Бобан Илиоски против Британец го започнува квалификацискиот турнир за пласман на ОИ

Бобан Илиоски против Британец го започнува квалификацискиот турнир за пласман на ОИ

Maкедонскиот кик-боксер, Бобан Илиоски го очекува настапот на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, но Илиоски сега ќе се натпреварува во бокс, иако примарна дејност не му е овој спорт.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денеска тој го дозна и првиот противник во квалификацискиот турнир. Илиоски ќе се бори против Патрик Барон. Во прашање е британски боксер во категоријата до 92 килограми.

Со својот тим Илиоски веќе се подготвува за настапот на турнирот кој ќе се одржи во Бусто Арсизмо, Италија.

Во минатото Илиоски имаше бокс мечеви, а против Барон ќе ги одмери силите на седми март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…