Дома Фудбал Италија Боатенг објави видео од времето кога играше за Милан: Шест години подоцна ништо не се променило

Боатенг објави видео од времето кога играше за Милан: Шест години подоцна ништо не се променило

Во рамките на 11-тото коло во Серија А Верона на свој терен ја победи Бреша со 2:1. Тој натпревар го облежа расистички инцидент и навредите на домашните навивачи кон Марио Балотели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балотели во 55-тата минута беше пред трибината на ултрасите на Верона, а тие во тој момент започнаа да испуштуаат мајмунски извци со цел да го навредат. Италијанецот не издржа, ја зема топката и ја шутна кон нив.

Сега тој добива поддршка од голем дел од фудбалската јавност. Кевин Принс Боатенг објави видео од времето кога играше за Милан пред шест години.

Боатенг тогаш се најде во иста ситуација како Балотели и реагираше на сличен начин.

„Шест години подоцна ништо не се променило, но не се откажуваме. Сите заедно против расизмот“, напиша Боатенг во описот на видеото.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пропадна трансферот на Манчестер сити од 140 милиони евра

Енцо Мареска практично ги намали шансите Манчестер Сити денес да го исполни ултиматумот на…