Дома Фудбал Англија Би-Би-Си открива: Во еден натпревар од ЛШ Абрамовиќ на теренот имал 12 играчи

Би-Би-Си открива: Во еден натпревар од ЛШ Абрамовиќ на теренот имал 12 играчи

abramovich

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ според сознанијата на Би-Би-Си пред шест години бил дел од несокјдневна ситуација.

Челси два пати играше против Спортинг и славеше во двата натпревари, но со истрагата на Би-Би-Си е докажано дека Абрамовиќ имал свој играч во редовите на лисабонскиот тим.

Перуанецот Андре Кариљо играше за Спортинг, но неговата кариера била во сопственост на рускиот тајкун, односно играчот бил дел од менаџрската агенција која ја управувал Абрамовиќ.

Иако портпаролката на рускиот бизнисмен ги уверуваше медиумите дека ниту еден закон не е прекршен, поранешниот шеф на англискиот фудбалски сојуз Давид Трисман рече дека тоа не е дозволено.

„Мислам дека не е во ред сопственик на еден клуб да поседува играчи во друг. Тоа е забрането. Доколку се уште бев претседател на ФА, внимално ќе ги истражевме документите кои ги видов.“ – изјави Трисман за Би-Би-Си.

Кариљо играше во Спортинг до 2016. година, кога се пресели во Бенфика. Потоа Перуанецот бесе позајмен на Ватфорд и Ал-Хилал, каде настапува од 2019. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона играше пријателски натпревар против Висел Кобе – се беше во знакот на Иниеста 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Фудбалерите на Висел Кобе и Барселона денес одиграа…