Дома Македонски спорт Мак ракомет Битола ќе „гори“: Објавени сите детали за прославата на шампионската титула на Еурофарм Пелистер!

Битола ќе „гори“: Објавени сите детали за прославата на шампионската титула на Еурофарм Пелистер!

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Тиквеш ќе се одигра в сабота, на 27 мај, од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а во него Еурофарм Пелистер ќа ја слави шампионска титула на која чекаше 18 години.

Од битолскиот клуб сега ги објавија сите детали за текот на прославата, а навивачите ќе имаат прилика со билетот да добијат и зелена шампионска маичка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Билетите за натпреварот ќе се продаваат почнувајќи од петок, 26 мај, од 15:00 часот на повеќе пунктови пред спортската сала „Боро Чурлевски“. Во билетот, по цена од 250 денари, ќе биде вклучена и зелена шампионска маичка, која ќе се добива при секој купен билет.

Ве молиме да ја понесете со себе и да ја „обоиме“ спортската сала во зелено за време на натпреварот.

Носителите на сезонски билети на посебен пункт пред салата од петок 15:00 часот ќе може да ја подигнат шампионската маичка.

Ве молиме в сабота попладне најдоцна до 17:30 часот да ги заземете своето место во спортската сала „Боро Чурлевски“.

РК Еурофарм Пелистер ги повикува своите пријатели, симпатизери и навивачката група „Чкембари“ в сабота заеднички да ја прославиме шампионската титула за сезоната 2022/23.

По завршувањето на натпреварот, од 20:00 часот на плоштадот Магнолија во Битола ќе започне централната прослава за сите битолчани, во кој е е предвидена богата забавна, музичка и спортска програма. Деталите околу ракометниот хепенинг ќе бидат објавени на денот на натпреварот“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа со пресврт до четвртфинале

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирот …