Дома Фудбал Бироф: Европското првенство ќе се игра без фанови

Бироф: Европското првенство ќе се игра без фанови

Директорот на Германскиот фудбалски сојуз, Оливер Бироф очекува Европското првенство да се одигра според планот, односно во 12 различни градови.

Сепак, германската легенда за „Билд“ истакна дека верува дека натпреварите ќе се играат без присуство на публика.

„Воопшто не се сомневам дека турнирот ќе се одигра според планот. Но, готово сигурно нема да има фанови. Колку што знам до овој момент воопшто не е покренато прашањето да се намали бројот на домаќините на Европското првенство“, изјави Бироф.

Од УЕФА неодамна изјавија дека разгледуваат различни варијанти, но ќе настојуваат ЕП да се одигра според планот, во 12 градови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…