Дома Фудбал Останато „Билд“ открива: Тухел учи шпански и чека повик

„Билд“ открива: Тухел учи шпански и чека повик

Реал Мадрид се уште верува во Карло Анчелоти, но вeќе во медиумите се погласно се пишува за негова смена. Во потесниот круг можни наследници ако замине е и Томас Тухел.

„Билд“ денеска објави дека Германецот веќе некое време учи шпански и се надева на работа во Ла Лига.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Мали се шансите тоа да биде Барселона, бидејќи Чави Ернандез ја има максималната доверба од Жоан Лапорта, но истото не може да се каже за Флорентино Перез и Карло Анчелоти.

Токму поразите од Барселона оваа сезона и негативата од девет поени пред „Ел Класико“ го натераа Перез да размислува за потенцијална промена на крајот од сезоната.

Тухел наводно е прв на листата на желби, но не е единствениот, бидејќи по него се Маурицио Покетино, Чаби Алонсо и Раул Гонзалес, тврди „Билд“.

Тухел е без работа од септември кога доби отказ од Челзи и оттогаш ја чека вистинската понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Драма во Мадрид поради Килијан Мбапе!

Повредата на првата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, создава сериозни проблеми за „кр…