Дома Фудбал Останато Бизарно: Фудбалер на Шахтјор казнет поради „лајк“ за натпреварот Русија – Србија

Бизарно: Фудбалер на Шахтјор казнет поради „лајк“ за натпреварот Русија – Србија

Шахтјор Доњецк го казни својот фудбалер Хусрав Тоиров со eдна месечната плата поради навистина бизарна причина.

Тоиров на социјалните мрежи „лајкнал“ објава од пријателскиот натпревар меѓу Русија и Србија во Москва кој Русите го добија со 4:0, а тоа ги налути сите во редовите на украинскиот гигант.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тоиров е репрезентативец на Таџикистан, а Шахтјор најави дека неговата месечна заработка ќе биде префрлена во една од единиците на Вооружените сили на Украина.

Според украинските медиуми, платата на Тоиров е околу 7.100 евра, што е добра сума со оглед на тоа што има само 19 години.

„Фудбалскиот клуб Шахтјор ја забележа реакцијата на Хусрав Тоиров. Сметаме дека е тоа неприфатливо и срамно однесување. Фудбалерот ќе биде казнет со една месечна плата, а овие пари ќе бидат наменети за поддршка на еден од единиците на вооружените сили на Украина“, се наведува во официјалното соопштение од Шахтјор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Араухо ја остави Барса на цедило, ПСЖ израмни🎥

Барселона и ПСЖ играат исклучително возбудливо прво полувреме и на пауза заминаа со резулт…