Дома Фудбал Италија Бивш играч на Милан: Бекам беше поскромен од некои играчи во Серија Ц

Бивш играч на Милан: Бекам беше поскромен од некои играчи во Серија Ц

Поранешниот дефанзивец на Милан, Лука Антонини откри интересни детали од престојот на Дејвид Бекам на „Сан Сиро“.

Антонини бил изненаден од скромноста на таква голема легенда и од фактот како Англичанецот се носел со тешката повреда.

Бекам воопшто не се однесуваше како суперѕвезда, напротив, тој имаше таква скромност каква што не сум видел дури ни кај играчи од Серија Ц. Беше неверојатен професионалец. Доаѓаше прв во Миланело и се одеше последен“, открива Антонини.

„Се сеќавам кога ја повреди Ахиловата тетива и поради тоа требаше да го пропушти Светското првенство. Имаше голема болка и на неверојатен начин се носеше со повредата.И покрај тешката повреда тој успеа да се рехабилитира целосно и продолжи да игра за ЛА Галакси во МЛС лигата“, додава бившиот соиграч на Бекам.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов дизајн: Фотографии од новиот дрес на Јунајтед, нема да биде оној од кој навивачите се разочараа

На социјалните мрежи се проширија фотографии од домашниот дрес на Манчестер Јунајтед за сл…