Дома Фудбал Италија Бешикташ го враќа Боатенг назад во Италија

Бешикташ го враќа Боатенг назад во Италија

Кевин-Принс Боатенг ќе се врати назад во Фиорентина откако во Бешикташ одлучиле да не го откупат неговиот договор.

33-годишниот офанзивен играч во јануари се пресиле во Бешикташ на позајмица, а во осум настапи во турската Супер лига успеа да постигне два голови.

beIN Sports тврди дека турскиот великан одлучил да не ја искористи опцијата за откуп на договорот, но и да не побара продолжување на позајмицата.

Сега останува да видиме дали Фиорентина ќе го задржи Боатенг или уште ова лето ќе се обиде да го продаде.

Боатенг во Фиорентина пристигна во јули 2019. година од Сасуоло за 1.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mурињо за повлекувањето на Меси: Копа Америка и Мундијалот нема да бидат исти

Лионел Меси ја заврши својата репрезентативна кариера по повеќе од две децении, означувајќ…