Репрезентативецот на Шпанија и десниот бек на Арсенал ја одушеви спортската јавност со неверојатен гест. Хектор Белерин сака да им помогне на жртвите од пожарот во лондонскиот облакодер, а тоа одлучи да го направи на интересен начин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секоја минута која ја игра на Европското првенство до 21 година за Шпанија вреди 57 евра, а сите пари ќе си заминат на сметката на семејствата чиј членови загинаа во пожарот, а за сега се 58.
„Ве молам, помогнете им на жртвите на било кој начин“, напиша Белерин на Твитер, со што ја покажа големата хуманост и докажа човечка величина.
For every minute I play in #U21EURO I’ll donate £50 to help Grenfell Tower victims. Please support in any way ? https://t.co/CHbqgnlSum pic.twitter.com/TODwIkLwj1
— Héctor Bellerín (@HectorBellerin) June 17, 2017
Интересно, еден од најдобрите десни бекови во светот, се поврзува со враќање во Барселона, а дали ќе се врати во Каталонија во или ќе остане во редовите на „Топчиите“ останува да видиме.