Дома Фудбал Белгија со пресврт до победа против Данска🎥

Белгија со пресврт до победа против Данска🎥

Белгиската репрезентација ја оправда фаворитската улога и со втора победа по ред се пласира во осминафиналето на ЕП.

Шокираната Данска одигра добар натпревар, но го запиша вториот пораз иако одлично го започна мечот.

Јусуф Полсен погоди на самиот старт со вториот најбрз гол на Европските првенства, а до крајот на полувремето гледавме израмнет дуел.

Белгијците во вториот дел доминираа и стигнаа до комплетен пресврт. Торган Азар во 55 минута израмни за 1-1, а веќе во 70 минута Де Брујн погоди и за водство, но и победа за фаворитот од 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дуран го реши Хибернијан, Селтик повторно избега на плус четири

Селтик со пресврт славеше на гостувањето кај Хибернијан и ја врати предноста од четири бод…