Дома Фудбал Италија Без срам: Вентура бара пари за да замине од репрезентацијата!

Без срам: Вентура бара пари за да замине од репрезентацијата!

0

Фудбалска Италија го доживеа најголемиот срам во својата понова историја и не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија.

Како главен виновник за неуспехот сите го посочуваат селекторот Џанпјеро Вентура и бараат веднаш да го напушти кормилото на „аѕурите“.

Иако сите очекуваа дека после дебаклот синоќа ќе покаже доблест и веднаш ќе си поднесе оставка, Вентура не го направи тоа и изјави дека прво сака да разговара со претседателот на Федерацијата, Тавекио.

Вентура неодамна го продолжи договорот до 2020 година, а денес медумите пренсуваат дека ќе бара бонус за предвремено раскинување на истиот. Наводно искусниот стратег за да замине од кормилото бара бонус од 700.000 евра.

Ова уште повеќе ги налути Италијанците кои сега бараат комплетна смена на челните луѓе и оставка од претседателот Тавекио.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Италија

Проверете

Германскиот репрезентативец признава: Поради тероризмот размислував да го напуштам фудбалот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и репрезентативецот на Германија беше дел од натпреварот п…