Дома Фудбал Германија Батшуаи за Болт: Се надевам дека нема да ме исфрли од тимот

Батшуаи за Болт: Се надевам дека нема да ме исфрли од тимот

Белгискиот фудбалер Мичу Батшуаи се препороди после доаѓањето во Борусија Дортмунд каде што ќе настапува до крајот на сезоната како позајмен фудбалер од Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Батшуаи во Борусија покажа дека се работи за одличен напаѓач, а новинарите сега го запрашаа што мисли за Усаин Болт кој одработи тренинг со тимот на „милионерите“.

Напаѓачот во овој момент е со својата репрезнтација и немаше прилика да тренира со легендарниот спринтер, но призна дека гледал видео од тренингот на Болт.

„Гледав видео и се забележува дека знае да игра. Тој е вистински шампион и тоа го докажа многу пати. Болт е еден од најдобрите спортисти во историјата. Среќен сум поради тоа што тренираше со нашиот тим, но се надевам дека нема да ми го земе местото и да ме исфрли од тимот“, се пошегува Батшуаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Никој не може да поверува на кого Меси му се јавил по поставениот рекорд на СП

Лионел Меси успеа на Светското првенство да сруши рекорд и да стане најдобар стрелец на си…