Дома Останати Кошарка Батлер тврди: Знаеме како да го победиме Лејкерс

Батлер тврди: Знаеме како да го победиме Лејкерс

ЛА Лејкерс синоќа со победата над Мајами Хит со 102:96 ја зголемија предноста на 3:1 во финалната серија во НБА.

Лејкерси сега се наоѓаат на една победа од освојување на нова, 17. НБА титула.

Сепак, главниот играч на Мајами, Џими Батлер тврди дека знаат и умеат како да го победат Лејкерс.

„Сами се победивме, правевме очигледни грешки и во напад и во одбрана. Лејкерси се навистина одлична екипа, затоа мора да бидеме совршени за да ги добиваме. Знаеме и умееме, па ќе се обидеме да ги победиме повторно.“ – рече Батлер по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Францускиот клуб Асвел казнет поради долг кон кошаркар на Партизан

Асвел казнет со забрана за трансфери поради долг кон Жофри Ловерњ. …