Дома Останати Кошарка НБА Батлер со 41 поен го водеше Мајами до победа против Бостон

Батлер со 41 поен го водеше Мајами до победа против Бостон

Изминатата вечер се одигра првиот натпревар од полуфиналето на Истокот во кој Мајами славеше победа против Бостон со 118:107.

Натпреварот се играше во ФТХ арената во Мајами, Бостон имаше предност на полувреме со 54:62, меѓутоа натпреварот беше решен последната четвртина кога домаќините играа одлична кошарка. Тој период Мајами го доби со 17 поени разлика (39:14).

Најефикасен во редовите на Мајами беше Џими Батлер со 41 поен, 9 блокади и 5 асистенции. Тајлер Херо уфрли 19. Во редовите на Бостон солидни настапи имаа Џејсон Татум со 29 поени и Браун со 23 постигнати поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ОФИЦИЈАЛНО: Салах потпиша нов договор со Ливерпул!

Мохамед Салах стави крај на сите шпекулации и потпиша нов договор со Ливерпул со важност д…