Дома Топ вести Бартомеу откри зошто Барселона не го купила Погба

Бартомеу откри зошто Барселона не го купила Погба

Пол Погба денес игра за Манчестер Јунајтед, а сега претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу откри дека се можело да биде поинаку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот во минатото како слободен фудбалер премина од Манчестер Јунајтед во Јувентус, а после неколку години се врати на „Олд Трафорд“ за сума од 100 милиони евра.

Барселона низ медиумите во годините скоро секој преоден рок се поврзуваше со ангажман на Погба, меѓутоа до тој трансфер не дојде.

Дека навистина постоеле контакти и дека имало можност Погба да го облече дресот на Барселона потврди првиот човек на Каталонците. Барселона преговарала за Погба во 2015 година, но како што кажа Бартомеу тие се откажале поради превисоката цена.

„Во 2015 година Погба го носеше дресот на Јувентус со голем успех. Ние го следевме долго време и тогаш испративме порака да Јувентус да не известат која е цената доколку го продаваат. Кога се одлучија да го продадат, тие ни ја сооштија цената, но ние во тој момент не можевме да си дозволиме таков лукуз и да потрошиме толку голема сума“, призна Бартомеу.

Сега во Лигата на шампионите, Барселона утре ќе игра против Манчестер Јунајтед, а за противник ќе го има токму Пол Погба кој денес важи за вистински лидер на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…