Дома Топ вести Барселона ќе добие отштета од ФИФА

Барселона ќе добие отштета од ФИФА

Барселона имаше проблеми со повредени фудбалери и минатата сезона, а за новата тие започнаа уште во предсезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За време на репрезентативните обврски во текот на летото повреди заработија двајца важни фудбалери на каталонскиот гигант.

Играчот за врска Гави се повреди во настапот на Европското првенство помеѓу Шпанија и Германија, а за Барселона е добро што тој ќе се врати во текот на август пред почетокот на сезоната. Сепак, ќе пропушти дел од подготовките.

Поголем проблем за Барселона е ситуацијата со дефанзивецот Роналд Араухо кој го чека пауза до октомври. Aраухо се повреди на Копа Америка во дуелот помеѓу Бразил и Уругвај.

Поради ваквата ситуација ФИФА ќе и исплати на Барселона сума од 2.5 милиони евра за Араухо и 700.000 евра за Гави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Вториот носител на светската тениска листа, Карлос Алкараз, објави дека покрај Ролан Гарос…