Дома Фудбал Барселона три натпревари без Меси

Барселона три натпревари без Меси

Лионел Меси има големи проблеми со повредите оваа сезона. Само што се врати на терените, мораше предвреме да го напушти дуелот со Виљареал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се испостави дека Меси има проблеми со адукторот, па ќе мора да паузира неколку недели.

Како што пренесува весникот „АС“, каталонскиот клуб нема да може да смета на Меси во следните три натпревари, но е уште нема официјална потврда од Барселона.

Сепак, сигурно е дека Меси ќе го пропушти мечот со Гетафе овој викенд и натпреварот против Интер во Лигата на шампиони.

Според тврдењето на шпанските медиуми Аргентинецот ќе го пропушти и дуелот со Севиља во Примера, па на терените се очекува да се врати по репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал доби рекордна понуда, Артета сè уште не одлучил

Галатасарај испратиле значајна понуда со вредност над 38 милиони фунти за крилниот играч н…